ЧАКШИРИ

ЧАКШИРИ – дел од машка народна носија. Биле изработувани од сура или бела клашна, а некаде и од црна. Биле кроени со должина до глуждовите, а на долниот дел се закопчувале со капаци. Околу џебовите и рабовите биле украсувани со црни гајтани. Празничните чакшири во горниот дел биле пошироки. Како и некои други елементи на машката носија, влегле во употреба во периодот на Османлиската Империја, како влијание на отоманлиската култура на овие простори. Ј. Р.-П. ЧАЛГИИ ВО МАКЕДОНИЈА