ЧАКАЛАРОВ, Васил

ЧАКАЛАРОВ, Васил (с. Смредеш, Костурско, 1874 – Костурско, 20. Ⅶ 1913) – револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил прогимназија. Бил осуден и лежел во Корчанскиот затвор (1893), успеал да избега и заминал во Бугарија. Борис Сарафов (1900) го ангажирал и го испратил во Грција за организирање канал за испраќање оружје и муниција за потребите на ТМОРО. Станал костурски војвода (од 1901), учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). Бил член на Костурското горско начелство. Во Илинденското востание се борел во Костурско-леринскиот регион, при ослободувањето на Клисура и на Невеска и во борбите кај с. Вишени, Костурско. По Востанието со чета се движел во Костурско, се борел против андартите и против грчката пропаганда. Во Првата балканска војна (1912) со чета дејствувал во заднината на османлиските сили. Во Втората балканска војна дејствувал во заднината на грчката армија и загинал кај месноста „Лакото“ на планината Вичо, Костурско. ЛИТ.: „Ил. ИлинденÍ“, 1937, бр. 9; 1939, бр. 6; 1940, бр. 6. В. Ѓ. Кочо Чакалароски ЧАКАЛАРОСКИ, Кочо Петров