ЦРЦАРЕВ, Пантелеј (Ресен, 1888 – Ресен, 1963) – лекар. По завршувањето на Мед. ф. во Атина (1912) бил лекар во Ресен. Во Првата светска војна бил воен лекар на Солунскиот фронт. Во времето на Втората светска војна бил околиски лекар во Ресен и Царев Двор. Го основал Здравствениот дом во Ресен (1. Ⅳ 1945). П. Б.