ЦРПИ ВОДА, ЈАНО

„ЦРПИ ВОДА, ЈАНО“ – македонско народно оро во мешан состав, со метар 2/4. Најчесто се играло во Скопско со држење на рацете за појас, со движење во полукруг во одмерено темпо и со балансирање на предната половина од стапалото. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 41. Ѓ. М. Ѓ. Н. Мартиноски: Слобода или смрт