ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО

ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО – обемен и еден од позначајните делови од целокупната архитектонска продукција во Македонија. Се однесува главно на христијанските православни храмови. Како продложувач на традицијата на поствизантсикото црковно градителство во Македонија, во периодот на ⅩⅠⅩ в. доживува интензивен развој и трансформации. На тој начин учествува во создавањето на преродбенскиот стил во ар-ЦРКОВНО-НАРОДНИ СОБОРИ на МПЦ (1945). Првиот собор бил одржан во Скопје (1945) и би-ла донесена Одлука да се возобнови Охридската архиепископија како Македонска православна црква. На Вториот ЦНС, одржан во Охрид (1958), била возобновена Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, со свој Поглавар – Архиепископ. На Третиот собор, одржан во Охрид (1967) била прогласена автокефалноста на МПЦ. На Соборот во 1974 г. е донесена одлуката Црковно-народниот собор да одржува редовно заседание секоја година. Во Македонската православна црква се одржани и пет црковно-народни собори за избор на петмина архиепископи: Доситеј, Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000; Славко Димевски, Историја на Македонската православна црква, Скопје, 1989; Доне Илиевски, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр.