ЦРВЕНКОВСКИ, Стево

ЦРВЕНКОВСКИ, Стево (Скопје, 18. Ⅲ 1947 – Скопје, 2. Ⅱ 2004) – филмски и телевизиски режисер, политичар. Дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Бел-град. Бил вработен во „Вардар филм“, каде што извесен период бил директор на оваа продуцентска куќа. Реализирал поголем број документарни програми за ТВ Скопје, неколку документарни и два играни филма („Јужна патека“, 1982, и „Нели ти реков“, 1984). Од осамостојувањето на Македонија како држава, стана активен во политиката и беше носител на јавни и државнички функции (министер за надворешни работи и македонски амбасадор во Обединетото Кралство). Иг. Ст. Од филмот „Нели ти реков“, режија на Ст. Црвенковски (1976) Илија Црвенов