ЦРВЕНКОВСКИ, Бранко

ЦРВЕНКОВСКИ, Бранко (Сараево, 12. Ⅹ 1962) – трет по ред претседател на самостојна и суверена Република Македонија (2004–2009). Гимназија и Електротехнички факултет завршил во Скопје (1987). Работел во РО „Семос“, како раководител на сектор. Избран за член на ЦК на СКМ (1986) и за член на Претседателството на СКМ – ПДП (1990). Станува претседател на СДСМ (1991), функција на која останува до изборот за претседател на Република Македонија(април 2004). Пратеник во првиот и во третиот состав на Собранието на РМ. Избран за претседател на Владата на Република Македонија(4. Ⅸ 1992), по изгласаната недоверба на експертската влада. УШТЕ двапати избран за претседател на Владата на Република Македонија(1994–1998 и 2002–2004). По загинувањето на претседателот Борис Трајковски, ја напушта функцијата претседател на Владата на Република Македонијаи учествува во претседателските избори одржани во април 2004 г. Во својство на претседател на СДСМ го потпишува во Скопје Рамковниот договор (13. Ⅷ 2001), со кој се извршија крупни промени во уставниот статус на РМ. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш. Крсте Црвенковски