ЦРВЕН КРСТ НА РМ

ЦРВЕН КРСТ НА Република Македонија– доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на РМ. Основната цел на Црвениот крст на Република Македонијае подобрувањето на животот на ранливите лица, изложени на најголем ризик на живеење, со минимална социјална и економска сигурност и човечко достоинство, без дискриминација по националност, раса, пол, вера, јазик, општествена положба и политичка определба. Положбата и задачите на Црвениот крст, употребата и заштитата на амблемот и името на Црвениот крст, како и начинот на финансирањето на задачите се уредени со Законот за Црвениот крст на РМ. Првите активности на Црвениот крст (ЦК) на територијата на Македонија се регистрирани во почетните години на ⅩⅩ в. (по Илинденското востание, 1903) и особено при појавата на конфликти со ослободителна, национална и социјална димензија (1908) и во времето на Балканските војни и на Првата светска војна, со елементи на показна и заштитна улога во давањето помош на ранети, болни, заробеници и други лица на кои им била потребна помош. Членови на Црвениот крст на Република Македонијаво акција ЦК на Македонија е формиран на 17. Ⅲ 1945 г., кога е одржано Основачкото собрание, а за прв претседател на Главниот одбор е избран Александар Петровски. ЦК на Република Македонијасамостојно дејствува и работи од 21. Ⅴ 1992, кога е доне-сен нов Статут, со кој поблиску се уредени поставеноста и структурата на Организацијата, како и основните цели и задачи на ЦК на Македонија во согласност со Статутот на Меѓународната федерација на ЦК и Црвената полумесечина (ЦП). Црвениот крст на Република Македонијае признат како национално друштво на ЦК од Меѓународниот комитет на ЦК на 1. Ⅺ 1995, а на 27. Ⅺ 1995 е примен како полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на ЦК и ЦП. Според Статутот на ЦК на РМ, организационата и раководна структура е поставена на централно, градско и општински ниво, со дејствување на 34 општински организации на ЦК и ЦК на Градот Скопје, со свои раководни органи. Посебно место во досегашниот период имаше информативно-издавачката дејност. Отпечатени се голем број книги, брошури, флаери и други печатени материјали. Првото јавно гласило е „Здрав народ“ (1945), во 1959 г. трансформирано во „Наше дело“, а од 1972 г. редовно се печати гласилото „Солидарност“. ЦК на Република Македонијаобезбедува финансиски средства главно од членарината, од донатори по проекти, од Министерството за здравство (крводарителство), од Буџетот на РМ, од игри на среќа и од други надоместоци предвидени со Законот за ЦК на РМ. ЛИТ.: Министерство за труд и социјална политика на Р Македонија. Закон за Црвениот крст на Р Македонија. Сл. Весник на Република Македонија41/94; Црвен крст на Р Македонија. Постојана хуманитарна мисија – да ја ан-гажираме моќта на хуманоста, Скопје, 2006; Црвен крст на Р Македонија. Јубилејно издание на гласилото „Солидарност“ 1945–2005, Скопје, 2005. Д. Д.