ЦИГАНСКИ ГРОБИШТА

ЦИГАНСКИ ГРОБИШТА (с. Радолишта) – некропола и ранохристијанска базилика на 0,5 км источно од селото, 5 км западно од Струга, во близина на трасата на Виа Егнатиа. На овој локалитет во 1957, 1959, 1976 и 1980 г. целосно била откриена трикорабна ранохристијанска базилика, при што во првите години на истражувањата се откриени петнаесет, а потоа уште 121 гроб, поставувани во повеќе слоеви преку нејзините урнатини. Најстариот стратум содржи гробови ориентирани с–ј и си–јз, а над нив се гробовите ориентирани з–и со мали девијации. И постарите и помладите гробови се конструирани на сличен начин. Тоа се правоаголни јами оградени со камења, особено во деловите околу главата, но со по некој камен и вдолж другите страни. Гробовите од постариот стратум со-држат керамички садови и накит од културната група Комани-Круе од Ⅶ до почетокот на Ⅸ в. Во христијанските гробови, поставени над нив, се откриени наоди од Џ–ⅩⅣ в. ЛИТ.: В. Маленко, Раносредновековната материјална култура во Охрид и Охридско, Охрид и охридско низ историјата, ИНИ, И, Скопје, 1985, 291–292. Ел. М. Белезици од локалитетот Цигански Рид, Кочанско