ЦИЈАНОТОКСИНИ

ЦИЈАНОТОКСИНИ – голема група токсини продуцирани од сино-зелените алги (Цѕанопхѕта) поделени на: циклични пептиди, кои се главно хепатотоксични (пример: микроцистини и нодуларини), алкалоиди со големо невротоксично дејство (пример: анатоксина и сакситоксини), циклични гванидински алкалоиди, кои ја спречуваат синтезата на протеините (пример: цилиндроспермопсин), липополисахариди што предизвикуваат инфламаторни процеси (најчесто се нарекуваат ЛПС токсини) и дерматотоксични алкалоиди (посебно присутни во морските синозелени алги, на пример: аплизиатоксини и лингбиатоксини). Претставуваат високоопасни материи во води со еутрофни и хипереутрофни карактеристики (пример: Дојранското Езеро), во кои доминираат сино-зелените алги и се основа за забрана на употребата на таквите води за какви било хумани цели и активности. Св. К.