ЦЕНТАР ЖУПА

ЦЕНТАР ЖУПА – населба во Дебарско. Се наоѓа на западните падини на планината Стогово, на надморска височина од околу 800 м. Преку локален пат е поврзана со Дебар. Има 800 ж., од кои 714, според статистиката, се регистрирани како Турци и 80 Македонци, сите со македонски како мајчин јазик. Значаен број од населението се наоѓаат на привремена работа во странство. Седиште е на општина што зафаќа површина од 10.721 ха, со 23 населени места во кои живеат 6.519 ж. Постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.