ЦВЕТКОВСКИ, Живко

ЦВЕТКОВСКИ, Живко (с. Дејловце, Кумановско, 16. Ⅱ 1948) – лингвист, македонист, професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за македонски јазик и книжевност (1970). Магистрирал („Допусните реченици во македонскиот јазик“, Скопје, 1981) и докторирал („Именскиот прирок во македонскиот јазик“, Скопје, 1989) на Филолошкиот факултет во Скопје. На Филозофскиот / Филолошкиот факултет работел како лектор по македонски јазик (1971), ЦВЕТКОСКИ