ЦВЕТКОВСКА, Надежда

ЦВЕТКОВСКА, Надежда (Скопје, 6. ⅩⅠⅠ 1948) – историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет (Група историја), магистрирала со темата „Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија од 1918 до 1929 година“ (1986) и докторирала со темата „Граѓанските партии во Вардарскиот дел на Македонија од 1935 до 1941 година“ (1993). Извесно време била гимназијален професор (1974/75), а потоа преминала во ИНИ (1976), како соработник и раководител на Одделението за проучување на периодот меѓу двете светски војни. БИБ.: Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија во периодот од 1918 до 1929 година, Скопје, 1996; Граѓанските партии во Вардарскиот дел на Македонија (1935–1942), Скопје, 1996; Македонското прашање во бугарскиот парламент меѓу двете светски војни, Скопје, 2000. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948–1998, Скопје, 1998, 122–124. С. Мл. ЦВЕТКОВСКИ, Александар