ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Цариград, 23. ⅩⅠⅠ 1876 – 20. И 1877) – конференција на претставниците на европските Големи сили Велика Британија, Франција, Германија, Австро-Унгарија, Италија, Русија и Османлиската Империја, посветена на кризата во Турција. Конференцијата усвоила реформи во балканските владенија и бил усвоен Проект на органски правилник за формирање на два автономни вилаета-провинции (санџаци): Источен санџак (со исклучиво бугарски територии) со седиште во Трново и Западен санџак со седиште во Софија, каде што требало да бидат вклучени два санџака од бугарската територија – Видинскиот и Софискиот санџак, Нишкиот санџак од Србија, а од Македонија Скопскиот и Битолскиот санџак (без двете јужни кази), дел од Серскиот санџак (Неврокопската, Мелничката и Струмичката област) и казите: Тиквешката и Велешката каза. Конференцијата определила Меѓународна комисија за спроведувањето на реформите и меѓународни сили што ќе го гарантираат спроведувањето. Османлиската држава објавила воведување устав и ги отфрлила решенијата на Силите како непотребни. ЛИТ.: Зб., Македонија во Источната криза 1875–1881, Скопје, 1978. М. Мин. Вселенската патријаршија во Цариград