ХУМОРИСТИЧНИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ХУМОРИСТИЧНИ НАРОДНИ ПЕСНИ – песни кои имаат за цел да развеселат и предизвикаат смеа. Кај народот се познати како „смешни песни“. Како такви ги среќаваме и како посебен циклус и во Зборникот на браќата Миладиновци. Но сепак, во некои од нив сосема малку има хумор, а повеќе укажуваат на разни недостатоци, недозволени постапки и по-Насловот на книгата „Македонски народни хумористично сатирични песни“ (1982) јави што се во расчекор со јавниот морал. Тие најчесто предупредуваат, критикуваат и жигосуваат. На удар се социјалните нееднаквости и посебно нивните носители (попови, владици, чорбаџии и сл.), потоа пороците како што се пијанството, мрзеливоста, неспособноста и сл. Во некои од нив носители на смешните постапки се луѓето и кон нив се упатени потсмевот и сатирата, додека во други во ваква улога се јавуваат животните (жаба, желка, еже, диво пиле и сл.). ЛИТ.: Македонски народни хумористично-сатирични песни. Избор, редаккција и забелешки д-р Лазо Каровски, музиколошка обработка Трпко Бицевски, Скопје, 1982; Македонски народни хумористично-сатирични песни, 2. Избор, редакција и забелешки д-р Лазо Каровски, музиколошка обработка Трпко Бицевски, Скопје, 1985; Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, 2, Скопје, 1988; М. Кит.