ХРИСТОВСКИ, Никола

ХРИСТОВСКИ, Никола (Липљан, Косово, 16. ⅩⅠⅠ 1921) – филм-ски снимател. Од 1947 до 1949 г. работи како асистент на Трајче Попов, кој бил снимател-дописник на „Звезда филм“ – Белград. Целиот преостанат работен век снима самостојно за Филмски новости. Ги снимил сите посети на претседателот Јосип Броз Тито на Македонија, почнувајќи од 1949 па с“ до последната во 1978, освен првата во 1945 г. Иг. Ст.