ХРИСТОВСКИ, Јонче

ХРИСТОВСКИ, Јонче (Битола, 10. И 1931 – Скопје, 15. Ⅳ 2000) – интерпретатор на народни песни. Најнапред бил член на ансамблот „Танец“ во кој настапувал до 1967 Јонче Христовски г. како пејач и играорец. Во ова време направил и една кореографска обработка („Мариовска тресеница“). Работел како соработник и уредник во МРТ (19671990). Снимил голем број народни песни („Оздола иде Али-паша“; „Коце, берберот, чалгаџијата“, „Го пратиле дедо в’планина“ и др.). Се пројавувал и како автор на голем број песни што станаа популарни во народот („Засвирете чалгии“, „Ако умрам ил’ загинам“ и др.). Еден е од авторите и пејачите што посебен акцент ставиле врз хумористичните песни („Модерна си имам жена“; „До две ми сваќи седнале“ и др.). Настапувал во многу земји во светот. Издал десетина грамофонски плочи и едно ЦД. М. Кол.