ХРИСТОВ, Александар Стоев (с. Јаново, Благоевградско, 14. Ⅱ 1929 – Лондон, 20. Х 2005) – македонски национален деец, публицист и поет. По завршениот Ⅵ клас во гимназијата во Свети Врач (Сандански), се запишува во Учителската школа во Скопје, но Фреска: Крштевање Христово, наос на јужниот ѕид, црква „Св. Никола“, Зрзе (ⅩⅤⅠ в.) Александар Стоев Христов по Резолуцијата на ИБ (1948) го продолжува образованието во Благоевград. Како „неблагонадежен“, го земаат војник („трудовак“) и го праќаат на работа во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално се префрла во Грција (1951), а оттаму во Бразил и во Франција. Во Париз го завршува Факултетот за новинарство и социологија (1965), а од 1968 г. работи во Радиото ББЦ во Лондон. Со група Македонци во Сиднеј (Австралија) го основуваат в. „Народна волја“ (1. Х 1980) и станува прв негов главен редактор. После весникот излегува во Лондон (1981) и од април 1992 г. во Благоевград (РБ) на бугарски и на македонски јазик, под главна редакција на брат му Георги Христов (пс. Јан Пирински). Македонскиот дух е одразен и во петте објавени стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и на бугарски јазик). ИЗВ.: „Народна волја“, ЏЏВИ, 11 (230), Благоевград, Ноември 2005, 1. Бл. Р. Александар Христов