ХОШЕК, Карло А. (Прага, ? – с. Владиловци, Велешко, 24. Ⅱ 1907) – Чех, тиквешки војвода, учесник во македонското ослободително движење по Илинденското востание. Бил четник во четата на П. Ангелов во Кривопаланечко (1905) и во четата на Д. Даскалов, Тиквешко (1906). Потоа бил избран за тиквешки војвода. Дејствувал во Тиквешко и во Велешко. Загинал во судир со српска чета (1907). ИЗВ. и ЛИТ.: НБКМ-БИА, ф. 583, оп. 1, а.е. 67, лл. 162–165; „Македоно-одрински преглед“, бр. 33, Софи®, 1907. Ал. Тр.