ХОР НА МРТ

ХОР НА МРТ – основан е по Ослободувањето. Први диригенти биле Стефан Гајдов и Тодор Скаловски. Подоцна го раководеле Драган шуплевски и Александар Лековски. Одигра извонредно значајна улога во поттикнувањето и афирмацијата на македонското хорско творештво. Неговиот репертоар го сочинуваа голем број дела од светската музичка литература, меѓу кои и дел од капиталните вокални и вокално инструментални композиции (Моцарт: „Реквием“; Росини: „Стабат матер“; Орф: „Кармина Бурана“; Чајковски: „Литургија“; Атанас Бадев „Литургија на св. Јован Златоуст“ и др.). Со голем успех настапувал на сцените и фестивалите во Македонија и во странство. Кон крајот на ⅩⅩ в. активноста на Хорот на МРТ беше прекината. М. Кол. Иво Хорват