ХИРОНОМИДИ

ХИРОНОМИДИ (Цхирономидае) – двокрилци слични на комарците. Многу се ситни, нежни и со тенки крилја. Се појавуваат во големи роеви како облаци над водите. Ларвите живеат во водна средина и се главна Хирономида храна за рибите. Во Дојранското Езеро доминира видот Цхирономус плумосус Л., чии ларви се крупни и црвено обоени, по што се лесно препознатливи. ЛИТ.: Петар Ангеловски, Јонце Сапкарев, Билјана Караман, Стое Смилјков, Љуалитативе цомпоситион анд љуантитативе релатионс оф тхе Мацрозообентос фром Лаке Преспа, Год. Зб. Биол., Скопје, 1994, 47: 5–21; Петар Ангеловски, Јонце Сапкарев, Тхе цомпоситион анд дистрибутион оф Цхирономидс (Диптера: Цхирономидае) оф Аегеан Лакес, Год. Зб. Биол., Скопје, 1983, 36: 221–243. В. Т. К. – М. Кр.