ХИЛИЈАРХ

ХИЛИЈАРХ – командант на хилијархија (одред од 1.000 коњаници), на првата хипархија од хетајрите од македонската војска, но и дворска титула на вршител на многу важни политички функции во државата. Тој ги подготвувал сите државни работи за кралот. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р. Хусеин Хилми-паша