ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА

ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА. Хидрометеоролошката служба на Македонија е формирана во 1947 г., а во 1993 г. таа станува членка на Светската метеоролошка организација (СМО), која е специјализирана агенција на Обединетите Нации (ОН). Хидрометеоролошката служба на Македонија ја спроведува за-Лабораторијата на Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје цртаната програма, во рамките на средствата со кои располага и постојано ја подобрува својата стручно-методолошка основа. Целта е таа поадекватно да се вклучи во светскиот хидрометеокасна и покорисна за нашето стопанството и земјата во целина. Хидрометеоролошката служба кај нас издава предупредувања за опасни временски појави, ги опслужува службите со информации за времето и климата, ја информира и ја едуцира јавноста за разбирањето на времето, набљудува, регистрира и известува за времето и водите, работи со интернационални партнери и друго. ЛИТ.: Коле Јордановски, Развиток на хидрометеоролошката служба во СР Македонија, „Хидрометеоролошки гласник“, Скопје, 1979; „Метеоревија“, Скопје, 1998; „Годишен преглед“, Управа за хидрометеоролошки работи, 2005. М. З. ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ