ХЕРОМЕН

ХЕРОМЕН (? – 336 г. пр. н.е.) – соработник на Павсаниј, убиецот на кралот Филип Ⅱ. Потекнувал од аристократскиот род на Линкестидите. Заедно со Арабеј и Александар, бил вклучен во заговорот против кралот во Ајга. По убиството, Херомен и Арабеј се сокриле, но биле фатени и погубени. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. Б. Петр.