ХЕРОДОТ

ХЕРОДОТ (Херодотос) (Халикарнас, Мала Азија, ок. 484 – веројатно Турии, Јужна Италија, ок. 425 пр. н.е.) – хеленски историограф, познат како „татко на историјата“, извор за најстарата историја на Македонија. Поради политичките противречности со халикарнашкиот тиранин Лигдамид, бил принуден да се пресели и привремено да живее на островот Самос. Многу патувал (Вавилон, Египет, Скитија, Тракија, Македонија итн.), а престојувал и во Атина каде што се запознал со Перикле и со Софокле. Учествувал во основањето на колонијата Турии во Јужна Италија (444 пр. н.е.), каде што останал до крајот на живо-Малата базилика во Хераклеја Линкестис Биста на историографот Херодот тот. Го напишал делото Историја, коешто александриските филолози го поделиле на девет книги, насловени според имињата на Музите. Неговата основна тема се Хеленско-персиските војни, а покрај многубројните историски, географски и етнографски податоци за земјите што ги посетил, дава и драгоцени податоци за раната историја на Македонското Кралство и македонската кралска династија на Аргеадите. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Херодотова историја. Превод од старогрчки, предговор, белешки за писателот и делото, коментари на текстот Даница Чадиковска, Скопје, 1998. К. М.-Р.