ХЕРКУЛЕ

ХЕРКУЛЕ – патна станица од римско време, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.), на делницата од патот помеѓу Скупи и Стоби. Се наоѓала помеѓу станиците Финес и Пресидио. Се лоцира на локалитетот Бела Вода (Велешко), каде што се среќаваат остатоци од керамика, мермер, траги од стар водовод и монети.