ХЕЛЕНИЗАМ

ХЕЛЕНИЗАМ (герм. Хеленисмус, термин на историчарот Г. Дројзен според ст. гр. ε′λληνισμο′ ζ – поддржување на хеленскиот начин на живот, прифаќање на хеленската цивилизација, користење на кодифициран ст.гр. јазик – коине). Обележува голема историска епоха во цивилизациска смисла на античките народи на Европа, Азија и Африка. Се нарекува Александризам, според нејзиниот творец македонскиот цар Александар Ⅲ (336-323 год. пр. н.е.). Почнува со неговото владеење и освојувањата на Исток; Мала Азија, Египет, централна Азија с“ до Индија. Носителите на оваа цивилизација се образовани луѓе: научници, мислители, филозофи, кои се населени во административните, економските и културните центри: Александрија, Антиохија, Пергам и др. градови на монархиите формирани од наследниците на Александар Македонски – дијадосите. Нивното пропаѓање со римските освојувања (30 год. пр. н.е.) го означува крајот на оваа епоха. Во културолошка смисла, просторната и временската граница на хеленизмот е уште поголема, со големо влијание на Запад (преку Рим) до Шпанија и трае до крајот на антиката, а на Исток – во Византија обновен со италијанскиот хуманизам од ⅩⅣ до ⅩⅤⅠ в. ЛИТ.: Речник кнјижевних термина, Београд, 1992. А. шук.