ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА. Основан е со Резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН (25. Ⅴ 1993) како меѓународна правосудна институција која има надлежност да суди на лица за кои постои основано сомневање дека имаат извршено воени злосторства и злосторства против човештвото, но и злосторства против мирот, на територијата на СФРЈ, од почетокот на 1991 г., со цел да бидат казнети за задоволување на правдата, спречување други такви дела и повторно воспоставување на мирот. Обвинителството покренува обвинение против државјаните на Република МакедонијаЉубе Бошковски и Јохан Тарчуловски на 15. Ⅲ 2005 г. Зградата на Хашкиот трибунал, Хаг е во повеќе градови на поранешЛИТ.: Татјана Петрушевска, Меѓународниот кривичен трибунал за воени злосторства против човештвото и геноцид извршени на територијата на поранешна Југославија од почетокот на 1991 година – преседан во меѓународното право според начинот на неговото формирање, „Безбедност“, бр. 2, Скопје, 1994; Татјана Петрушевска, За некои аспекти на меѓународниот ад хоц трибунал за поранешна Југославија, на истото место, бр. 3, 1994. Т. Петр. Членови на „Хашомер Хацаир“ од Битола