ХАНЏИСКИ, Благоја

ХАНЏИСКИ, Благоја (с. Владимирово, 06. Ⅵ 1948) – унив. професор, политичар и амбасадор. Дипломирал (1972) на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистрирал (1980) и докторирал (1984) на Електротехничкиот факултет во Загреб од областа на електричните мерења. Во 1972 г. се вработил во Рудници и железарница „Скопје“. Од 1974 г. бил вработен на Природно-математичкиот факултет, а од 1975 г. бил избран за асистент на Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 1995 г. бил избран за редовен професор. Главна научна преокупација му се електричните мерења, а посебно мерењата на напонот со напонска вага. Бил продекан на Електротехничкиот факултет, пратеник во Собранието на РМ, министер за надворешни работи и за одбрана во Владата на РМ. Бил амбасадор на Република Македонијаво Грција. М. Чунд.