ХАЛИМИ, Џемал шкелзен (Куманово, 5. Ⅸ 1961) – писател, новинар и преведувач. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на Групата за албански јазик и книжевност. Пишува прозни и драмски дела.Се занимавал главно со новинарство. Преведувал автори и литературни дела од македонски на албански јазик и обратно. Претставен е во Антологијата на албанската поезија на француски јазик од А. Зото. Работи како одговорен уредник во „Коха“. Неговите песни се преведени на многу странски јазици. БИБ.: Ујем дасхурие, поезија, 1984; Дети блу нш Бит Пазар, поезија, 1988; Рруга кобшр, поезија, 1989; Схкретшртирш ме луле, поезија, 2006; Агсхол и грисур, раскази, 1992; Вдекја е Винценцит, раскази, 1998, Ктхими, роман, 1997; Схљиптаршт е Егјиптот, патопис, 1993 (коавтор Емин Аземи). А. П.