ХАЏИМАНОВ, Зафир

ХАЏИМАНОВ, Зафир (Кавадарци, 12. ⅩⅠⅠ 1943) – автор и интерпретатор на популарна музика, актер. Дипломирал (1967) на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тогаш ја започнал својата естрадна кариера, учествувајќи и добивајќи награди на фестивалиЗафир Хаџиманов те во: Белград, Загреб, Сплит, Скопје, Сопот (Полска), Варадеро (Куба). На филмското платно се јавува како главен протагонист во филмовите „Нож“ на Ж. Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на С. Попов. Подоцна настапува во голем број театарски претстави на повеќе сцени, меѓу кои и во Бостон (САД). Својата сестраност ја манифестира пишувајќи неколку збирки со поезија. Како пејач го обиколил целиот свет и настапувал во: САД, Русија, Канада, Австралија, Куба, Франција, Австрија, Германија, шведска и др. БИБ.: стихозбирки: шансони на хартија, Белград, 1978; Пес пејачка, Бел., 1984; Азил, Бел., 1987; Народен пејач, Ск., 1990 и раскази Кисело-весело, Ск., 1994. М. Кол.