ХАЏИМАНОВ, Васил

ХАЏИМАНОВ, Васил (Кавадарци, 14. И 1906 – Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 1969) – етномузиколог. Сестрано образован (студирал на Правниот и на Филозофскиот факултет во Бел-град, магистрирал фармација во Загреб), но тој, сепак, поголемиот дел од својот живот $ го посветил на музиката. Неговиот главен придонес се состои во собирачката дејност. Собрал над 8.000 македонски и 700 албански народни песни. Дел од нив беа предмет на негова научна обработка, при што своите сознанија и заклучоци им ги претстави на македонската и на меѓународната јавност на поголем број научни симпозиуми. Дел од овие песни се објавени во неколку збирки. Во своите научни трудови обработува најразлични теми сврзани со вокалната, инструменталната и ороводната народна традиција. Пред Втората светска војна бил еден од првите македонски пејачи што снимал за Радио Белград и настапувал на повеќе концерти во странство. ДЕЛ: Македонски народни песни 1–4 (1953–1956); Моми тиквешанки; Невестински народни обредни песни (1965) и др. М. Кол.