ХАЏИЈАНЕВ, Трифун

ХАЏИЈАНЕВ, Трифун (Воден, 1893 – логорот Хајдари, 1. Ⅴ 1944) – револуционер и комунист, основач на Социјалистичката партија во Егејскиот дел на Македонија и еден од организаторите на Воденската партиска организација на КПГ. Бил репресиран од грчките власти. Во 1944 г. бил ликвидиран од Германците, заедно со уште 200 комунисти во затворот Хајдари, близу до Атина. ЛИТ.: С. Киселиновски, Македонски дејци (ⅩⅩ век), Скопје, 2002. Ст. Кис. Н. Трајковски: портрет на Јордан Хаџиконстантинов-Џинот