ХАЈИР ДОВА

ХАЈИР ДОВА (Хаѕ›р дова) – благословите што во синтетизирана микро форма го пренесуваат древното митско сознание и верување во магиската сила на зборот. За тоа сведочат и многубројните благослови во усното творештво на турското население во Македонија. Многу често во секојдневјето посакуваната порака се постигнува со благослови што се однесуваат на среќата, здравјето и човековата благосостојба, а се кажуваат како пожелби во моменти на добро расположение, со цел да ја поткрепат и да ја насочат магијата кон предизвикување соодветни дејства. Со прифаќањето на исламската практика, првобитното верување во магиската сила на зборот од многубожечкиот период Турците го надополнуваат така што исполнувањето на желбите го бараат обраќајќи му се на Алах и на другите муслимански светци. За овој развој во религиозната мисла сведочат турските благослови-молитви што започнуваат со стереотипниот почеток „Аллах верс›н…“ (Да даде Алах…), „Аллах биѕи кауþтурсун“ (Алах да н“ ќердоса), или „Ѕа Мухамед ѕа Али кауþтурсун ики ѕари“ (Среќа да дадат и Мухамед и Али). С. Пил. ХАЈРЕДИН, Серафедин шеро