ФУШТИЌ, Вангел (Скопје, 4. Ⅱ 1956) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., декан на ЕТФ во Скопје. Автор/коавтор е на повеќе трудови во зборници од меѓународни/домашни собири, стручни списанија и педесетина студии и АП од областа на ЕЦРП и упра-Вангел Фуштиќ вувачките системи. Тој е заслужен за воведувањето на проектниот менаџмент во студиите по електротехника. Автор е на учебното помагало „Производство на електрична енергија – збирка решени задачи“. Член е на програмските комитети на неколку меѓународни научни собири. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје“, бр. 878, септември 2005. Др. Р.