ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА – најмасовен спорт во Македонија. Се јавува кон крајот на ХИХ и во почетокот на ХХ в. во поголемите градови. Прв натпревар бил одигран помеѓу два тима од турското Воено училиште во дворот на Ислахане во Идадија во Скопје (на Велигден 1909). Во Битола екипата на конзулите го победила тимот на турскиот воен гарнизон со 2:0 (1911). Фудбалски клуб „Вардар“ бил основан во Скопје (1912), а подоцна се формирани шест клуба: СК „Напредок“ и СК „Македонија“ во Скопје, СК „Обилиќ“ во Битола, СК „Огнена Искра“ во Прилеп, СК „Напредок“ во Велес и СК „Љуботен“ во Тетово (1919). Нивниот број постапно се зголемувал (1922 – 12, 1927 – 16, 1931 – 30 и 1940 – 51). Отпрвин фудбалот се играл неорганизирано (до 1925). За клубовите бил надлежен Белградскиот фудбалски потсојуз (1922 – 1927), со Скопска жупа (од 1923). Потоа бил основан Скопски фудбалски потсојуз (1927), во кој членувале шест клуба од Скопје и десет од другите градови. СК „Граѓански“ се натпреварувал во Првата југословенска лига (1938/39). Во времето на бугарската окупација (1941–1944) била организирана Скопска фудбалска област, а СК „Македонија“ од Скопје играл во Елитната дивизија на Бугарија (1941–1943). Во НОБ учествувале голем број фудбалери, од кои 52 загинале а четворица од нив биле прогласени за народни херои. По Ослободувањето биле формирани фудбалски секции во спортските друштва, а тие набргу прераснале во посебни клубови (1948). Во ФИСОМ функционирал Фудбалски одбор (од 1946), а подоцна е создаден Фудбалски сојуз на Македонија (1948). Фудбалските натпревари биле организирани во општински, регионални, републички, во Втора и во Прва сојузна лига. Најголеми успеси имал ФК „Вардар“ од Скопје. Првак на Југославија станале: аматерската репрезентација на Македонија (1967), ФК „Маврово“ – Гостивар (аматери, 1969) и Студентската репрезентација на Скопје (1954). За „А“ Репрезентација на Југославија играле: Кузман Сотировиќ (1928 и 1931) – 5 настапи со постигнати 2 гола, Кирил Симоновски (1946-1949) – 10 – 1, Благое Видиниќ – 9, Сократ Мојсов – 3, Кирил Дојчиновски – 15, Методија Спасовски – 3 – 3, Драган Мутибариќ – 10, Вујадин Станојко-СК „Македонија“ пред првата победа над ФК „13“ во Софија (1941) Студентската репрезентација на Скопје (1945) виќ – 21, Дарко Панчев – 28 – 11, Илија Најдовски – 11, Драган Канатларовски – 3, Тони Савевски – 3, Петар Георгиевски – 1, Васил Рингов – 1, Никица Клинчарски – 8, Бошко Ѓуровски – 6, Милко Ѓуровски – 6, Чедомир Јаневски – 2, Бобан Бабунски – 1. По осамостојувањето на Републиката бил формиран Фудбалски сојуз на Македонија, кој е примен во УЕФА и ФИФА (1994), потоа бил преименуван во Федерација (2002). За развојот на фудбалот придонес дале и тренерите: Илеш шпиц, Благоја Павловски, Кирил Симоновски, Јане Јаневски, Драган Луковски, Стојан Богоевски, Јово Никушев, Андон Дончевски, Сократ Мојсов и многу други, судиите: Душко Поповски, Мони Карио, Драгомир Анчевски, Трајан Ивановски, Борче Неделковски, Томе Михајловски, Петар Костовски и други, како и голем број општествено-спортски работници и јавни гласила. Ерван Фуере