ФРАГМЕНТИ НА КИРИЛИЧКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

ФРАГМЕНТИ НА КИРИЛИЧКИ СТАРОСЛОВЕНСКИ ТЕКСТОВИ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО. Покрај глаголицата, типична за најстариот период на македонската писменост, во старите македонски литерарни центри паралелно се употребувала и кирилицата, за што сведочат некои зачувани фрагменти од Ⅺ в. Меѓу нив спаѓаат: Листови на Ундолски – одломка од кратко изборно евангелие од Ⅺ в., 2 л., Москва, РГБ, ф. на Ундолски бр. 961. Именувани според првиот сопственик В. М. Ундолски. Текстот е едноеров (само 7) со ограничено бележење на јотацијата. На македонско потекло на преписот укажуваат повеќе научници (Соболевски, шчепкин, Дурново, Тихомиров, Минчева). Македонски (Хилфердингов) кирилски лист или Македонско кирилско ливче – одломка од трактатот за уметноста на преведувањето, оригинално дело, Ⅺ-ⅩⅠⅠ в., Санкт Петербург, РАН, сигн. 24.4.16, собр. Срезн. бр.63. Пронајден во Македонија од А. Ф. Хилфердинг (ГилÏфердинг), со што е поврзано неговото двојно именување. Трактатот за уметноста на преведувањето обично се смета за предговор на Константин Философ кон преводот на Евангелието. Мареш („Слово“ 32–33, 1982–83, 5–14) смета дека се работи за дело на Методиј, поговор кон преводот на Новиот завет или на целата Библија, и редигирањето го поврзува со Охридскиот литерарен центар. Само условно можат да се спомнат Новгородските (Купријановските) листови – одломка од кратко изборно евангелие со екфонетска нотација, Ⅺ в., 2 л., С-Петербург, РНБ, Ф.п.И.58. Се именуваат според местото на пронаоѓањето: Новгородскиот храм „Св. Софија“, или по пронаоѓачот И. К. Купријанов. Постојат повеќе мислења за потеклото на фрагментот, што се определува или како руско (Јагиќ, Карински, Лавров, Охиенко, Гранстрем) или како јужнословенско бугарско (Камински, Куев, Минчева) или пак македонско (Мошин). Според Мошин („Археографски прилози“ 5, 1983, 7–64), се работи за фрагмент од евангелски кодекс на цар Самуил (997–1014), кој послужил како предлошка при препишувањето на Остромировото ев. во 1056–57 г. што едновремено бара поместување на датирањето на фрагментот во крајот на Ⅹ в. Ундолски лист ЛИТ.: А. Минчева, СтаробÍлгарски кирилички откÍслеци, София 1978 (расчитани текстови, паракрит. ап., снимки, грч. текст, заеднички индеџ верборум, библ.; посочените фрагменти се наоѓаат на стр. 18–24, 76–112, 45–46). Зд. Р.