ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА

ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА – безбедносни градби. На територијата на Македонија се јавува во предисторијата. Во античкиот период е поразвиена (Св. Еразмо крај Охрид, Скупи). Во доцноантичкиот период градовите се заштитувани со ѕидови, зајакнати со кули (Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнидос). Од Ⅴ в. егзистираат мали градови-тврдини (Баргала, Коњух и др.). Во текот на средниот век се градат тврдини за феудалците на тешко пристапни места оградени со јаки ѕидови и со кули, ѕидани во камен, најчесто со неправилни форми, што барем еден од содружниците Тврдината во СкопјеКале“ следејќи ја конфигурацијата на теренот. Позабележителна фортификациона архитектура има во Охрид, со издвоена цитадела (Горни Сарај) со монументален влез фланкиран со бочни заоблени кули и утврдена населба (Варош), тврдини во Скопје (Кале), во Штип (Исар), во Струмица (Цареви Кули), во Прилеп (Маркови Кули), во Просек (Стрезов Град) крај Демир Капија и др. Во османлискиот период со употребата на огнени оружја се приспособува и одбраната. Некои од постојните тврдини добиваат дебели ѕидови и кули со кружна форма. ЛИТ.: А. Дероко, Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији, Београд, 1950. Кр. Т.