ФИНЕС

ФИНЕС – патна станица од римско време, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.), на делницата од римскиот пат помеѓу Стоби и Скупи. Името означува пограничен топоним. Се лоцира на границата на провинциите Дарданија и Македонија, јужнојугоисточно од Катланово, кај селата Рудник, Кожле или Крушје. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог за реконструкција на Табула Пеутингериана на делницата Сцупи–Стоби, „Жива Антика“, Ⅺ, 1, Скопје, 1961. К. Аџ.