ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

ФИЛМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА. Со документарно-пропагандните филмови „Во избори за нови победи“ (Б. Дрнков) и „Жито за народот“ (Т. Попов), реализирани преку Филмско-Скопје, во 1947 г. започнува повоениот развој на филмското производство во Македонија. Најбројниот опус на документарни, играни и анимирани филмови се реализирани од долгогодишниот државен продуцент „Вардар филм“. Првото разбивање на тој монопол се случува во 1968 г., кога група слободни филмски работници ја формираат независната продукција Филм-ска работна заедница, со што (во конкурентски односи) доаѓа до зголемување на филмското производство. По згаснувањето на ФРЗ (1973), „Вардар филм“ с“ почесто реализира филмови во копродукција со Градски кина – Скопје, „Македонија филм“ и Македонската телевизија. Од 1991 г. филмското производство го реа-Кадар од филмот „Најдолгиот пат“ лизираат приватни продуцентски куќи („Прва партизанска продукција“, „Пегаз“, „Сектор филм“). Во текот на својот развој македонската продукција имаше ѕвездени мигови со реализацијата на значајни филмови: „Црно семе“ (Кирил Ценевски), „Граница“, „Време без војна“ и „Најдолгиот пат“ (Бранко Гапо), „Среќна Нова ’49“, „Оган“ и „Дае“ (Столе Попов), „Пред дождот“ (Милчо Манчевски), „Ликвидатор“ (Трајче Попов), „Голгота“ (Мето Петровски), „Бериќет“ (Митко Панов), „Адам“ и „Феникс“ (Петар Глигоровски), „Рака“ (Дарко Марковиќ), „Отпор“ (Боро Пејчинов) итн. Ил. П.