ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ФИЛМСКА ДИСТРИБУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Во почетокот на дваесеттите години од ⅩⅩ в. е регистриран првиот обид за занимавање со филмска дистрибуција – агентурата за промет со филмови на М. Асео и С. Мусафија. Со институционализирањето на македонската кинематографија по Ослободувањето, се формира дистрибутерската куќа „Македонија филм“, а со општествените промени во деведесеттите години доаѓа до преструктуирање на оваа дејност – појава на повеќе приватни носители на кино и видеоправата: „Манаки филм“, „С.В.-Р.С.А. “ и др. Ил. П. Георги Василевски: „Историја на филмот“