ФИЛМСКА ВОСПИТНО-ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ФИЛМСКА ВОСПИТНО-ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА. Почетоците датираат од 1927 г., кога Хигиенскиот завод од Скопје започнал со редовни проекции на едукативни филмови. Оваа дејност ја продолжил и ја проширил Заводот за културно-просветен филм, формиран во 1956 г., користејќи го филмот како помошно средство во наставниот процес. Едукацијата за филмот се одвива преку форми за ширење на филмската култура, инкорпорирање на филмската уметност во наставниот процес и едукација на професионални кадри за кинематографија на Факултетот за драмски уметности. Ил. П.