ФИЛИПЧЕ, Илија Ставрев (Охрид, 28. Ⅶ 1946) – спец. по ОРЛ, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, редовен член на МАНУ о (од 2009). Образованието го завршува во Скопје, а како специјалист (1977) доедукацијата ја добива во Загреб, Париз, Лион, Безје, Цирих, Прага и Оклахома Сити. Основач на современата ото-неврохирургија и истакнат експерт од областа на детската бронхоезофагологија. Во својата стручна едукативна работа воведува иновации што првпат се изведуваат во РМ: модифицираната техника за реконструкција на надворешното и средното уво кај вродените малформации> громет протеза во хируршкото лекување на секреторниот отитис во детската возраст, техниката на стапедотомија кај отосклерозата, декомпресија на ендолимфатичен сацус кај Мениеровата болест, воведува транслабиринтарен пристап кај процесите во понто-церебралниот агол во мозокот, како и техниката на тотална декомпресија на лицевиот нерв. Ја извршил првата имплантација на вештачко уво кај глувонеми лица во РМ. Во соработка со неврохирурзите вовел техника на назален пристап до хипофизата. Организатор на Првиот македонски конгрес по оториноларингологија и на голем број семинари. Публикувал над 100 стручни труда. Во својата кариера извршувал функции на директор на Клиниката за оториноларингологија, продекан на Мед. ф. и министер за здравство на РМ. М. шољ. Јасмина ФилипЧокреска