ФИЛИПОВСКИ-ДАМЕ, Чеде,

ФИЛИПОВСКИ-ДАМЕ, Чеде, (с. Никифорово, Гостиварско, 1923 – Радовишко, 26. Ⅵ 1945) – првоборец, народен херој. Бил ѕидарски работник во Белград. По Априлската војна се вратил во Македонија (1941), бил еден од организаторите на НОВ во Мавровскиот крај, член на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на Чеде Филиповски-Даме КПЈ за Маврово и раководител на Воениот штаб (1942), Секретар на Околискиот комитет на КПМ (1943), заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, командант на баталјон и заменик-командант на бригада (1943), заменик-командант и командант на 48. (македонска) дивизија на НОВЈ (1944). Посебно се истакнал во борбите за Кичево, Дебар, Кленоец, Пресека, Дебарца и Локов. По Ослободувањето завршил Виша воена академија во Белград. Загинал во несреќен случај. Прогласен е за народен херој на Југославија. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1970. Вл. Ив. Ѓорѓи Филиповски