ФИЛИПОВСКИ, Миле

ФИЛИПОВСКИ, Миле (с. Маврово, Гостиварско 1920 – Скопје, 22. Ⅴ 1986) – првоборец, генерал-полковик на ЈНА. Бил припадник на работничкото движење, член на КПЈ и учесник во НОБ (1941), борец во Кичевско-мавровскиот НОПО (1943), командант на баталјон и на Петнаесеттата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето бил командант на воени гарнизони на ЈНА (Никшиќ и др.). ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив.