ФИЛИПОВСКИ, Љупчо

ФИЛИПОВСКИ, Љупчо (Бел-град, 22. Ⅸ 1933) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот Архитектонски конструкции. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). Освен со педагошка, се занимава и со научноистражувачка, проектантска и со публицистичка дејност. Реализира повеќе станбени објекти во Скопје, во Кавадарци и во Кочани. Објавил повеќе статии во стручни списанија и во дневниот печат. ЛИТ.: Сонце, енергија и архитектура, Скопје, 1995 (со Т. Стојков); Современи технологии на градење и префабрикација и монтажа кај станбени објекти, Скопје, 1997; Хидроизолации кај рамните кровни тераси, Куманово, 1998. Кр. Т.