ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина

ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина (Скопје, 2. Ⅷ 1956) – историчар на уметноста, кустос советник во Одделот за уметност на националната установа Музеј на Македонија. Како кустос била задолжена за збирката на камената декоративна пластика и копиите на фрески (од 1980). Реализирала повеќе изложби во земјата и во странство. Посветена е на истражување на постарото графичко наследство и уметноста на ⅩⅠⅩ в. БИБ.: Антиминси од збирката на Музејот на Македонија, Зборник за средновековна уметност, бр. 1, Скопје 1993; Тома Сидер од Крушево, на истото место, бр. 3, 2001, 205–216; За постарото графичко наследство во Македонија (на македонски и англиски јазик), Скопје, 2003; Книжна икона на Св. Марина со житие, „Зборник за средновековна уметност“, бр. 5, Скопје, 2006, 157–168. С. Мл. Марко Филјански ФИЛЈАНСКИ, Марко Василев