ФИЛДИШЕВСКИ, Петар Ангелов (Охрид, 1. Ⅱ 1924 – Скопје, 15. Ⅹ 1994) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1951) и се вработил на Нервната клиника (1951–1980). Специјалистички ис-пит положил во 1954 г., а хабилитирал во Скопје (1958) на проблемот на ликворските промени. Основоположник на неврофизиологијата во Република Македонијасо воведувањето на електроенцефалографијата како метод за испитување на нервни болни. Познат епилептолог, едукатор на бројни кадри во неврологијата и еден од основачите на Нервната клиника, каде што бил и директор (1964–1978). Автор е Петар Филдишевски на бројни трудови од областа на неврофизиологијата и епилептологијата. БИБ.: Елецроцлиницал манифестатионс оф сѕнцопе сеизурес, „Неуропсихијатрија“, 7, Загреб, 1959, 74–86; Атлас оф Елецроенцепхалограпхѕ, Вол 3, Гибс анд Гибс Ед., Цамбридге, 1964. Ил. Џ.