ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје – научно-наставна институција, основана во 1977 г., како резултат на анализите за постојан дефицит на фармацевтски кадри во Македонија. Иницијативата потекнала од Фармацевтско–козметичката индустрија „Алкалоид“, Градските аптеки, Фармацевтското друштво на СРМ, УЦМН, Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Извршниот со-вет на СРМ, со формирање Иницијативен одбор во состав Б. Никодиевиќ, А. Симов и Л. Толов. Наставата на четиригодишните студии се изведувала врз интердисциплинарен принцип со уче1982), па следувале: Е. Главаш (1982–1985), К. Доревски (1994– 1998), Љ. шутуркова (1998–2004) и С. Кулеванова (2004–). Во 1985 г. во согласност со рационализацијата во високото образование станува Отсек фармација при Мед. ф., с“ до 1994, кога повторно станува Фарм. ф., самостојна единица во рамките на Унив. „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1999 г. се воведуваат петгодишни студии усогласени со Меѓународната асоцијација на фармацевтските факултети по Европскиот кредит трансфер систем, и со тоа станува еден од првите факултети кај нас што го имплементира европскиот систем на високото образование. Л. П.-Т.