ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД. Основан е со посебен закон (1977) како Факултет за туризам и угостителство, а подоцна е трансформиран во Факултет за туризам и организациони науки. Негов претходник е Вишата туристичка школа во Охрид, основана во 1970 г. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира додипломски и постдипломски студии од областа на туризмот, угостителството, организациските науки, царините и шпедицијата и осирани студии во Велес. На овој факултет се организира и одбрана на докторски дисертации. За вршење на научноистражувачката дејност, во рамките на неговата дејност, е формиран Центар за научноистражувачка работа (2002), кој претставува следбеник на поранешниот Институт за истражувања на туризмот (1985). Центарот постои како посебна организациона единица при инстутуцијата, а се занимава со: истражувачка дејност, издавачка дејност, организирање домашни и меѓународни научни собири, развивање проектна соработка и сл. Во текот на своето досегашно постоење Факултетот разви богата соработка со универзитети од разни земји: Бугарија, Албанија, Грција, Франција, Германија САД, Хрватска, Полска и др. ИЗВ.: Интернет и документација на Факултетот за туризам и организациони науки, Охрид. М. С.